Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Кендис Сванапул блесна во реклама за парфем на Версаче

ФОТО: Кендис Сванапул блесна во реклама за парфем на Версаче

За Версаче ова е период на промени. Прво, Донатела Версаче го промени својот став од 2008 година во однос на модната соработка со H&M и реши да ги позајми своите дизајнерски способности за креирањето на заедничка есенска колекција, а сега, по петгодишно затишје, компанијата ја лансира првата реклама за парфемот Bright Crystal.

Кендис за Версаче

Рекламно лице на кампањата е познатиот ангел на Victoria’s Secret, Кендис Сванапул.

22-годишната манекенка позираше пред објективот на Марио Тестино, облечена во блескава тоалета, со раскошни локни и „зачадени“ мачкини очи, држејќи во рацете големо светечко шишенце со парфем.

Наскоро се очекува да се појави и видео реклама со сексапилната Кендис.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10367 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.