Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Капсулна колекција маички од блогерката Јована Зука и Фешн Груп

ФОТО: Капсулна колекција маички од блогерката Јована Зука и Фешн Груп

Веќе неколку сезони по ред, проектот Џинсоманија се реализира како начин на прославување на урбаната култура и тексасот како материјал кој може секогаш одново да се oживее и реинтерпретира. Оваа сезона Фешн Груп во соработка со познатата македонска блогерка Јована Зука изработи капсулна колекција маици, сметајќи дека токму маичките се најдобар партнер на фармерките и останатите производи направени од тексас за современ, едноставен, но шик изглед.

Лимитираната колекција ја сочинуваат неколку модели маици, а секоја од нив пренесува интересна и досетлива порака на македонски или англиски јазик. Пораките се дело на креативната Јована, а дизајнот е на Бојан Тасевски, графички дизајнер во Фешн Груп.

Ангела Ѓорѓиева Ангела Ѓорѓиева Ангела Ѓорѓиева Ангела Ѓорѓиева Ангела Ѓорѓиева Ангела Ѓорѓиева

Маиците ќе бидат претставени преку посебен, интерактивен простор во рамките на Модниот викенд Скопје на 5-ти април во зградата на катната гаража Солунски конгрес. Тие исто така ќе бидат достапни и во некои од продавниците на Фешн Груп за време на викендот 4 и 5 април.

Дел од претставувањето на маичките е и реализираната фотосесија под наслов „Фармерки, црвен кармин и оваа маичка“, која пренесува ведро, младешко и лежерно расположение. Моделот Ангела Ѓорѓиева од агенцијата Подиум застана пред фотоапаратите на тандемот Ани и Дими, за шминка и фризура се погрижи Игор Марков, додека пак стајлингот е на Јована Зука со производи од брендовите во Fashion&Friends и чевли од BATA.

Ангела Ѓорѓиева Ангела Ѓорѓиева Ангела Ѓорѓиева Ангела Ѓорѓиева Ангела Ѓорѓиева Ангела Ѓорѓиева

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10395 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.