Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Кание Вест и Џузепе Ѕаноти дизајнираа елегантни сандали

ФОТО: Кание Вест и Џузепе Ѕаноти дизајнираа елегантни сандали

Кога пред една седмица стана јасно дека Кание Вест нема да претстави нова колекција на Париската недела на модата, сите помислија дека познатиот рапер се откажал од дизајнирањето.

Но, новите сандали кои ги објави Џузепе Ѕаноти се доказ дека Кание не се откажал од модното хоби.

Ѕаноти објави официјална фотографија од сандалите наречени „Cruel Summer“, кои го добиле името според најновиот албум на Кание.

Сандалите  „Cruel Summer“Сандалите „Cruel Summer“

Белите елегантни сандали се резултат на соработка меѓу Кание и Џузепе, а се инспирирани од омотот на истоимениот албум, кој прикажува мотиви од античка Грција.

Омотот на „Cruel Summer“Омотот на „Cruel Summer“

Ова не е прва соработка меѓу славниот дизајнер и Кание. Минатата година тие направија сандали со необичен дизајн кои чинеа 4.420 евра.

Обувки од Кание ВестОбувките од ланската колекција на Кание Вест

Новата девојка на Вест, Ким Кардашијан, е обожавателка на скапите сандали и се има појавено со нив неколкупати.

КимКим со обувките на Кание на неговата ревија во март Кание и КимКание и Ким

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9504 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.