Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Индиската свадба на ѕвездата од „The Big Bang Theory“

ФОТО: Индиската свадба на ѕвездата од „The Big Bang Theory“

Неговиот лик во популарната серија „The Big Bang Theory“, Раџ Кутрапали, можеби има фобија од жени, но тоа воопшто не се однесува на реалниот живот на Кунал Најар. Индискиот актер на 22 декември минатата година стапи во брак со поранешната Мис Индија, Неха Капур, а сега „People“ објави интересни фотографии од шестдневната свадбена церемонија.

Кунал и Неха Кунал и Неха

Кунал и убавата Неха славеле шест дена во Њу Делхи, а на свадбата имало 1.000 гости.

Традиционално, еден ден пред свадбата 28-годишната Неха добила и привремена тетоважа со хена. „Сите жени добиваат хена тетоважа и сите мажи пијат Bloody Mary. Мажите ги хранат жените, бидејќи тие треба да почекаат да се исуши тетоважата“ – изјавил Најар. Биле потребни три часа за да биде направена тетоважата на невестата.

Кунал и Неха Неха

Најар пристигнал на венчавката качен на коњ и со „превез“ на лицето, бидејќи според обичаите никој не треба да го види пред да пристигне на местото на кое се одржува церемонијата.

Кунал и Неха Кунал и Неха Кунал и Неха

Кунал и Неха се запознале пред три години и оттогаш тој е заљубен во неа. „Ме обзеде чувство на смиреност. Бев толку сигурен и се чувствував толку комфорно. Дури ни поезијата не може да објасни како се чувствував за оваа жена“ – раскажал Најар за првиот момент кога ја запознал Неха.

Кунал и Неха

„The Big Bang Theory“ во моментов доживува огромен успех и е втора најгледана хумористична серија во САД, веднаш по „Two And A Half Men“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.