Почетна » Новости » Мода » ФОТО: „Зад сцената“ од подготовките за Моден викенд Скопје (FWSK)

ФОТО: „Зад сцената“ од подготовките за Моден викенд Скопје (FWSK)

Светски познатите дизајнери работат со полна сила за да ги претстават новите колекции во модните метрополи како Њујорк, Лондон, Париз и Милано. И македонските дизајнери го следат тој тренд и засилено се подготвуваат да ги презентираат своите најнови креации пред очите на јавноста.

Во тек се подготовките за третото издание на Моден викенд Скопје – FWSK, кој ќе се одржи од 23-ти до 27-март на различни локации и шоу-рум простори во Скопје.

Сара МиленковскаСара Миленковска во креација на Кокев-Кадриу

Изминатиов викенд беше направена фотосесија со новите заштитни лица на Моден викенд Скопје, модели од модната агенција Подиум. Полни со енергија, моделите скокаа и летаа, покажувајќи креации на Кокев-Кадриу, Роберт Ивановски и Ludus Loves Fashion, кои се само дел од овогодинешните учесници. За шминката и фризурата на заштитните лица се погрижија Мax Factor и Фризерско Студио АРТ - Сретен Костиќ.

Заштитните лица на Моден викенд СкопјеЕлена Гугоска, Трајче Сачкарски, Сара Миленковска, Јованка Георгиева

На FWSK ќе бидат претставени колекциите пролет/лето 2011 на македонските дизајнери.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10604 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.