Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Жизел Бундхен дефилираше за последен пат на ревија

ФОТО: Жизел Бундхен дефилираше за последен пат на ревија

Жизел Бундхен се збогува со модните ревии. Најплатената манекенка на светот за последен пат дефилираше на модното шоу на Colcci.

На ревијата, која беше одржана во рамките на модната недела во Сао Паоло, 34-годишната Бразилка носеше три модни комбинации.

На крајот, Жизел беше дочекана на пистата со гласни аплаузи. Меѓу гостите во првиот ред беше нејзиниот сопруг Том Брејди.

Жизел Бундхен Жизел Бундхен Жизел Бундхен Жизел Бундхен Жизел Бундхен Жизел Бундхен Жизел Бундхен Жизел Бундхен

Брејди со емотивна порака ја поздрави својата сакана на Facebook. „Ти честитам Љубов на мојот живот. Ти ме инспирираш секој ден да бидам подобра личност. Се гордеам со тебе и со сè што имаш постигнато на пистите. Немам сретнато некој пожелен за успех и порешителен да ги надмине сите пречки на патот. Никој не го сака животот повеќе од тебе, а твојата убавина е многу подлабоко од она што може да го види окото. Едвај чекам да видам што ќе направиш следно. Те сакам“ – напиша тој.

Том Брејди

Жизел пак, со порака им најави на своите фанови дека по 20 години се пензионира од модните писти. „Благодарна сум што на 14 години ми беше дадена можност да го започнам ова патување. Денес, по 20 години работа во оваа индустрија, се чувствувам привилегирана што можам по свој избор да го правам своето последно шоу, а сепак да работам во други области на овој бизнис“ – се вели во нејзината објава, која содржи и фотографија од времето кога таа имала 14 години и ги правела првите чекори во светот на модата.

Жизел Бундхен

Се разбира, ова не значи дека Жизел целосно ќе се откаже од својата кариера и дека ќе се повлече од модниот бизнис. Едноставно ќе се фокусира на други „улоги“ кои ги нуди овој бизнис.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11129 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.