Емили Ратајковски го вклучи и своето мало синче Силвестер во најновата модна кампања.
31-годишниот модел позираше со едногодишното момче за рекламните фотографии за брендот на дизајнерката Тори Бурч.









Кампањата беше направена за промоција на колекцијата за сезоната пролет 2023.




Емили со поранешниот сопруг Себастијан го добија синчето Силвестер во март 2021 година.
Тие се венчаа во февруари 2018 година, по само неколку недели врска, а се разведоа во јули минатата година.
