Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Високата мода на Диор – пролет/лето 2012

ФОТО: Високата мода на Диор – пролет/лето 2012

Џон Галијано сè уште не доби свој наследник на должноста креативен директор на Диор, но неговиот долгогодишен помошник Бил Гајтен успешно ја предводи француската модна куќа.

Модните критичари одлично ја примија неговата најнова колекција презентирана во рамките на Париската недела на високата мода. По минатогодишните мешани критики, Бил оваа година може да здивне и да ужива во комплиментите.

„Моделите исто како да беа излезени од Mad Men. Тоа беше сосема спротивно на фантазијата на Џон Галијано. Беше многу носливо“ – изјавила Александра Шулман по завршувањето на шоуто.

Фини слоеви на свила редени на начин што потсетуваше на меки облаци потскокнуваа на модната писта, додека црните „крокодилски“ креации блескаа на телата на манекенките.

Гајтен ја интензивира елегантноста на ретро женствените креации од 50-тите години за да создаде облека во која жените би сакале да инвестираат. Грандиозните тоалети во црвено и црно беа совршен шлаг на тортата на Гајтен.

Ревија на Диор Ревија на Диор
Ревија на Диор Ревија на Диор
Ревија на Диор Ревија на Диор
Ревија на Диор Ревија на Диор
Ревија на Диор Ревија на Диор
Ревија на Диор Ревија на Диор
Ревија на Диор Ревија на Диор
Ревија на Диор Ревија на Диор
Ревија на Диор Ревија на Диор
Диор Диор Диор Диор Диор Диор

На првиот ред во публиката беа Камерон Дијаз и Бар Рафаели.

Камерон Дијаз и Бар РафаелиКамерон Дијаз и Бар Рафаели

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11503 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.