Почетна » Новости » Мода » ФОТО/ВИДЕО: Бред Пит во рекламата за Chanel N°5

ФОТО/ВИДЕО: Бред Пит во рекламата за Chanel N°5

Бред Пит со секси глас и изглед на шармантен заводник се обидува да ги намами жените да станат страсни обожавателки на Chanel N°5. Денес беше објавена видео рекламата на 48-годишниот актер за легендарниот парфем, а исто така и рекламните фотографии за кампањата.

Бред Пит

Во видеото, Бред Пит гледа директно во камерата и вели: „Не е патување. Секое патување завршува, но ние продолжуваме. Светот се врти, а ние се вртиме со него. Плановите исчезнуваат. Соништата доаѓаат на нивно место. Но, каде и да одам, ти си таму. Моја среќа, моја судбина, мое богатство.“

Рекламата за Chanel N°5

„Веруваме дека оваа динамична и модерна кампања ќе ги натера луѓето поинаку да размислуваат за N°5“ – изјавил Андреа д’Авак, претседател на „Chanel Fragrance & Beauty“.

Рекламата била режирана од Џо Рајт, додека фотографиите се дело на Сем Тејлор-Вуд.

Бред Пит Бред Пит Бред Пит Бред Пит

Бред Пит е првиот маж кој е рекламно лице на легендарниот женски парфем Chanel N°5. Се проценува дека за снимањето на кампањата добил 7 милиони долари.

Бред Пит Бред Пит Бред Пит Бред Пит

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11912 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.