Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Версаче се врати во високата мода

ФОТО: Версаче се врати во високата мода

Донатела Версаче се врати во клубот на високата мода. По осумгодишна пауза, познатата италијанска модна куќа ја презентираше својата прва „haute couture“ колекција на неделата на високата мода во градот на светлината. „На светот му е потребен гламур, а мене ми недостигаше високата мода“ – признала Донатела.

Префинетите креации блескаа додека манекенките со бескрајни нозе ги презентираа на пистата. „Таа е многу гламурозен воин“ – Донатела со овие зборови го опиша изгледот на моделите.

Вкупно 15 креации беа прикажани на „златниот“ подиум. Прва на пистата зачекори Карли Клос во сива креација, додека во позадина се слушаше легендарната оперска пејачка Марија Калас.

Версаче висока мода Версаче висока мода Версаче висока мода Версаче висока мода Версаче висока мода Версаче висока мода Версаче висока мода Версаче висока мода Версаче висока мода Версаче висока мода Версаче висока мода Версаче висока мода Версаче висока мода Версаче висока мода Версаче висока мода Версаче висока мода

Меѓу присутните беа Александра Шулман, Ана Винтур, Камерон Дијаз и Даен Кругер. „Она што го сакам кај дизајните на Донатела Версаче е што таа никогаш не заборава дека облекува жена. Ја сакам архитектурата на облеката, и начинот на којшто таа ја рефлектира светлината“ – изјавила Дијаз по завршувањето на шоуто.

Камерон Дијаз и Даен КругерКамерон Дијаз и Даен Кругер Камерон Дијаз и Донатела ВерсачеКамерон Дијаз и Донатела Версаче

Три дена Париз ќе биде домаќин на екстравагантни ревии со прескапи креации. Невестинските фустани достигнуваат цени и до 100.000 евра. Високата мода не е искуство кое може да го има секоја дизајнерска куќа. Само оние кои исполнуваат превисоки стандарди успеваат да ги пуштат манекенките во свои креации да продефилираат за време на Париската недела на високата мода.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11053 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.