Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Вера Ванг ги разочара обожавателките со колекција која не е за срамежливите невести

ФОТО: Вера Ванг ги разочара обожавателките со колекција која не е за срамежливите невести

Вера Ванг се обидува да допре до нетрадиционалните невести, но наиде на лавина од критики. Преслаби манекенки, провокативни проѕирни креации, меланхолична атмосфера... претставувањето на колекцијата пролет 2016 на „кралицата на венчаниците“ не помина баш блескаво.

Ванг ја презентираше невестинската колекција со артистичното видео „Hotel Madrid“ и мрачни фотографии и веднаш поттикна негативни коментари. Обожавателките на популарната дизајнерка ја критикуваат поради лошите креации кои повеќе наликуваат на долна облека одошто на фустани за венчавка, но и поради изборот на преслаби модели.

„Анорексични зомби невести“, „Сите модели изгледаат како да се луди, депресивни или исплашени“, „Која невеста со разум би носела некоја од овие креации на својата свадба? Гадно“, „Видеото е како реклама за хорор филм“, „Да се омажам во долна облека? Не, благодарам“... тоа се само дел од коментарите за новата колекција.

Вера Ванг пак е убедена дека денешните невести целат кон посекси изглед и дека сакаат поразголени фустани. „Невестите сакаат да се чувствуваат посензуално, поекспонирано и посексуално“ – изјавила таа.

Колекција на Вера Ванг Колекција на Вера Ванг Колекција на Вера Ванг Колекција на Вера Ванг Колекција на Вера Ванг Колекција на Вера Ванг Колекција на Вера Ванг Колекција на Вера Ванг Колекција на Вера Ванг Колекција на Вера Ванг Колекција на Вера Ванг Колекција на Вера Ванг Колекција на Вера Ванг Колекција на Вера Ванг Колекција на Вера Ванг

Hotel Madrid

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10380 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.