Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Безумно скапите ранци на близначките Олсен

ФОТО: Безумно скапите ранци на близначките Олсен

Кога минатата година близначките Олсен пуштија во продажба луксузни ранци кои чинеа 39.000 долари, многумина мислеа дека никој нема да ја плати безумната цена. Но, ранците се распродадоа.

Оваа година, токму пред почетокот на празниците, сестрите Мери-Кејт и Ешли решија да се надминат себеси и направија мини колекција ранци кои се продаваат по 55.000 долари!

Ранци од 55.000 долари Ранци од 55.000 долари

Кожените ранци се соработка меѓу модниот бренд на сестрите Олсен, „The Row“, и уметникот Демијан Хирст. Колекцијата е составена од 9 модела од кои ќе бидат произведени по 9 примерока.

Ранци од 55.000 долари

Во основа се работи за истиот црн ранец од крокодилска кожа од минатата година, но оваа година Хирст го декорирал со колоритни кругови, капсули и таблети.

РанецРанецот на сестрите Олсен од 39.000 долари Сестрите Олсен Сестрите ОлсенСестрите Олсен со скапите ранци

Единственото добро нешто кај ранците е што дел од приходите ќе бидат наменети за УНИЦЕФ.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12011 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.