Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Андреја Пејиќ е првата транссексуална личност во голема кампања за шминка

ФОТО: Андреја Пејиќ е првата транссексуална личност во голема кампања за шминка

Андреја Пејиќ доби улога во новата рекламна кампања на козметичкиот бренд „Make Up For Ever“. 23-годишната Србинка е првата транссексуална личност која има добиено толку значајна кампања за убавина.

Андреја Пејиќ

За кампањата, покрај Пејиќ, беше ангажирана и актерката Џејми Чанг.

Во краткото видео објавено од „Make Up For Ever“, фокусот е поставен на лицата на Пејиќ и Чанг и различните мејкап изгледи создадени со производите на познатиот бренд.

„Склучувањето на договор со козметичка компанија е од огромно значење за секој модел – тоа е еден вид на Оскар во модната индустрија. Ова е бренд кој се совпаѓа со тоа што се потрудив да прикажам во мојата кариера: Пораката отсекогаш била да го прифатиш тоа што си, да живееш искрен живот и да можеш да се изразиш себеси. Во ред е да бидеш различен“ – вели Пејиќ за People.

Андреја Пејиќ Андреја Пејиќ Андреја Пејиќ Џејми Чанг Џејми Чанг Џејми Чанг Џејми Чанг

Пејиќ минатата година си направи операција за промена на полот и си го промени името, додавајќи една буква, за да добие женски идентитет.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11488 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.