Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Андреј(а) Пејиќ е првата трансексуална личност во „Вог“

ФОТО: Андреј(а) Пејиќ е првата трансексуална личност во „Вог“

Андреја Пејиќ е првата трансексуална личност која кога било досега добила место на страниците на „Вог“. 23-годишниот модел, кој минатата година си направи операција за промена на полот и со една буква си го промени името за да добие женски идентитет, позираше за реномираниот фотограф Патрик Демаршелие.

Андреја ПејиќПејиќ за Вог

Пејиќ е родена во Босна и Херцеговина, има живеено во Белград, но по бомбардирањето во 1999 година, замина на живее во Мелбурн. Во изминативе неколку години, Пејиќ ја освои модната индустрија, дефилирајќи на ревии на познати дизајнери и привлекувајќи повеќе модни кампањи.

Во интервјуто за модната библија „Вог“, Андреја изјавила дека во тинејџерските години се обидувала да го потисне она што го чувствувала во однос на својот пол. „Општеството не ти кажува дека можеш да биде транс. Си мислев дека можеби таа фантазија да живеам како девојка е нешто кое само сакам да си го замислувам понекогаш. Си велев дека треба да се обидам да бидам момче и да бидам нормален“ – изјавила таа.

За половите и сексуалноста, Пејиќ коментира: „Сега има повеќе категории. Тоа е добро. Конечно сфаќаме дека полот и сексуалноста се покомплицирани“.

Пејиќ наскоро ќе се појави во кампања на козметичкиот бренд Make Up For Ever, со што ќе стане првата трансексуална личност која има добиено толку значајна рекламна кампања за убавина.

Андреја Пејиќ Андреја Пејиќ Андреја Пејиќ Андреја Пејиќ Андреја Пејиќ Андреја Пејиќ Андреја Пејиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11419 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.