Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Андреј Пејиќ во рекламна кампања за женски градници

ФОТО: Андреј Пејиќ во рекламна кампања за женски градници

Андреј Пејиќ продолжува со својот поход во модната индустрија. 20-годишниот модел, кој потекнува од Босна и Херцеговина, неколку пати го видовме на модните писти во женска облека, на ревијата на Жан Пол Готје влезе во улогата на невеста, а во неколку наврати позираше во женска облека за модните списанија. Па, оние кои ја следат неговата кариера нема да бидат изненадени што Андреј стана рекламно лице за женски градници.

Андреј ПејиќАндреј Пејиќ рекламира Mega Push-Up градници

Андреј, кого го нарекуваат најубавиот маж на светот, е дел од новата рекламна кампања на холандскиот бренд „Hema“. Познатиот модел ги рекламира Mega Push-Up градниците кои ветуваат зголемување на градите.

„Ова е револуционерно... Никогаш претходно не сум слушнал маж да учествува во кампања за женска долна облека“ – изјавил агентот на Андреј за „Frockwriter“.

Поради самиот факт што Андреј е рамен како штица, рекламата делува убедливо, но дали кампања за женска долна облека со маж во главната улога е добра идеја, само времето ќе покаже.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.