Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Ангелите на Victoria’s Secret со новата Incredible колекција

ФОТО: Ангелите на Victoria’s Secret со новата Incredible колекција

Очигледно од Victoria’s Secret знаат како да ни го привлечат вниманието со гламурозни и колоритни настани и се разбира, со присуството на некои од најубавите жени во светот.

Ангелите на VS во Њујорк ја промовираа новата колекција на долна облека Incredible и новиот парфем.

Прекрасните Адријана Лима, Кендис Сванапул, Ерин Хетертон, Шанел Иман и Лили Олдриџ облечени во кратки фустанчиња во весели бои позираа во бутикот на Victoria’s Secret во Сохо за да ја промовираат новата колекција.

Ангелите на Victoria's Secret

Колекцијата Incredible вклучува 5 градници во различен стил и парфем. Посетителите на бутикот имаа можност да ги пробаат новите градници, а и новиот парфем, за самите да увидат зошто тие се „неверојатни“.

Victoria's Secret

„Парфемот е инспириран од градникот, кој е направен да се чувствувате комфорно и секси, а исто така и од ткаенината, која е мазна, па парфемот има овошен, цветен мирис“ – изјавила Лима опишувајќи го новиот парфем.

Адријана Лима Лили Олдриџ и Ерин Хетертон
Модел од Incredible Модел од Incredible
Модел од Incredible Модел од Incredible
Адријана Лима
Модел од Incredible Модел од Incredible

Еве и ја и рекламата за новата колекција:

А еве и видео од „зад сцената“, снимено од самите ангели:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.