Почетна » Новости » Мода » ФОТО: 10-годишната ќерка на Синди Крафорд стана модел за Версаче

ФОТО: 10-годишната ќерка на Синди Крафорд стана модел за Версаче

Ќерката на супермоделот Синди Крафорд е доказ дека добриот изглед е во гените. 10-годишната Каја Гербер започна да ги следи стапките на својата позната мајка во светот на модата.

Со голема самодоверба младата Каја позираше за кампањата пролет/лето 2012 на Young Versace.

КајаКаја

Синди Крафорд долги години беше муза на починатиот Џани Версаче, па сосема логичен е изборот Каја да биде лицето на првата кампања за детска колекција на италијанскиот бренд.

„Како и нејзината мајка, и Каја има специјална дарба. Камерата навистина ја сака“ – изјавила Донатела Версаче.

„Пресреќна сум што Каја беше избрана да биде дел од првата кампања на Young Versace. Јас имам толку многу драги спомени од времињата поминати со Џани и Донатела. Тоа што бев на снимањето со мојата ќерка и што ја гледав пред камерата беше фантастично искуство. Многу се гордеам со неа“ – изјавила Синди.

Синди Крафорд, Ренди Гербер со децата, Присли и КајаСинди Крафорд и Ренди Гербер со децата Присли и Каја

Кампањата била снимена од фотографското дуо Мерт и Маркус. Модната линија Young Versace е наменета за деца од 12 години.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11069 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.