Почетна » Новости » Мода » Урбана романса: Кендал Џенер атрактивна ѕвезда во новата кампања на Мајкл Корс

Урбана романса: Кендал Џенер атрактивна ѕвезда во новата кампања на Мајкл Корс

Мајкл Корс ја ангажираше Кендал Џенер за да ја презентира неговата најнова колекција за сезоната пролет/лето 2022 година.

За рекламната кампања, 26-годишната манекенка позираше на покрив од зграда во Менхетн пред фотоапаратот на Инез ван Ламсверде и Винудх Матадин. Фотографиите му оддаваат почит на градот Њујорк, каде е роден славниот дизајнер.

Кендал Џенер Кендал Џенер Кендал Џенер

„Кога ќе се запрашам што е она што трае, тоа е љубовта – романтичната љубов, но и љубовта кон пријателите, семејството и твојот град. Со оваа кампања, сакаме да ја оживееме урбаната романса и уникатниот микс од силата и издржливоста на Њујорк со љубовта која тој ја инспирира постојано“ – стои во изјавата на Корс.

Кендал Џенер Кендал Џенер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12017 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.