Почетна » Новости » Мода » Стилска битка на три ѕвезди: Џенифер Лопез, Џенифер Анистон и Бела Хадид во ист фустан од Версаче

Стилска битка на три ѕвезди: Џенифер Лопез, Џенифер Анистон и Бела Хадид во ист фустан од Версаче

Атрактивна креација од Версаче стана стилски избор на Џенифер Лопез, Џенифер Анистон и Бела Хадид. Трите ѕвезди го носеа црниот фустан за различни настани.

Стилска битка

Откако дефилираше на ревијата на Версаче во Милано, Бела Хадид се упати на забавата на италијанскиот бренд.

На прославата, 20-годишниот модел ја истакна својата витка фигура во црн фустан од колекцијата есен 2016 на врвната модна куќа.

Бела Хадид Бела Хадид Бела Хадид

Џенифер Анистон блесна во истата светкава креација на овогодишното доделување на Оскарите. Во својот стајлинг за гламурозната манифестација, холивудската ѕвезда додаде дијамантски накит вреден 10,7 милиони долари од Лорејн Шварц.

Џенифер Анистон Џенифер Анистон Џенифер Анистон

Црниот фустан со висок шлиц и длабоко деколте се најде и во гардеробата на Џенифер Лопез, која го носеше за гостувањето на концерт на нејзиниот поранешен сопруг Марк Антони.

Џенифер Џенифер Џенифер Лопез

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11051 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.