Почетна » Новости » Мода » „Сребрен“ јубилеј: Нови генерации на модни дизајнери на 25-тото издание на Моден Викенд Скопје

„Сребрен“ јубилеј: Нови генерации на модни дизајнери на 25-тото издание на Моден Викенд Скопје

4 дена по почетокот на календарското лето, едно од најголемите модни случувања во земјава се враќа во Скопје. И тоа не било каде, туку во Градскиот парк. Симболот на младите, на авантуристите, на македонската авангарда и андерграунд. Впрочем, сите оние модерни зданија во градот и оние урбани ликови кои му даваат толку големо значење на Скопје како метрополоа, сите доаѓаат од едно место. Од „улицата“. Или ајде, ќе бидеме малку поблаги, затоа што улицата многу знае да звучи егоцентрично, па дури и несфатливо за помладите генерации, па затоа, Градскиот парк нека биде поприфатливата метафора за сето она што е убаво во главниот град.

25-то издание на Моден Викенд под мотото: „Discover Who’s Next Graduation Show“ e за сите млади луѓе, за сите факултетлии, но и за сите оние бубачки и шумски ѕверки кои сакат да ја пренесат нивната приказна и порака преку модата.

Моден викенд Скопје

Живееме во една модерна ера во која сме сведоци на младите кои секојдневно се повеќе имаат интерес за модата, за нејзино креирање, па дури и за нејзиното „сетирање“. Деновиве се повеќе слушаме за NFT мода, за дигитални артисти, па нема да бидеме изненадени ако наскоро „новата генерација“ што ќе се претстави на Модниот викенд во Скопје ја видиме на некој од билбордите во Њујорк, Париз, Хонг Конг како дел од некоја ултра модерна NFT модна колекција. Но, за тоа останува само времето да покаже, нели?

Езерцето во парк било и ќе остане „љубовно гнездо“ за многу љубови во Скопје, па затоа, ние ве покануваме токму таму да бидете дел од најновото издание, за со сигурност и со ветување ви кажеме дека ќе се заљубите барем во еден модел од артистите.

Оваа сезона Моден Викенд Скопје им го отстапува местото на новите генерации на модни дизајнери, па така, ревиите на студентите од ДУЦОР „Партенија Зографски“, Скопје, дипломците од Универзитет „Гоце Делчев“, Штип (Технолошко- технички факултет), и студентите при Американски универзитет на Европа-ФОН (Факултет за дизајн и мултимедија) ќе бидат само дел од оние што ќе продефилираат низ Градскиот парк.

Интернационалниот институт за мода Изет Цури ќе се претстави со колекцијата на Шќипоње Абудили, а тука ќе бидат и Европскиот Универзитет, Скопје (Факултетот за арт и дизајн), Џолев и Уметностите-со нивната школа за дизајн, уметност и технологија „Скала“, и на крај, тука се и Институт за дизајн и инженеринг на облека, УКИМ.

Посетителите на овој „летен“ Моден Викенд ќе имаат чест за првпат да се запознаат со Националниот младински совет на Македонија, вклучително и Првиот саем за вработување млади во модната индустрија.

Ива Дујак од Creative Talks ќе биде модеротор на кружната маса на тема: „Елаборирање и преиспитување на придонесот на дизајнерите во општеството“.

Позади графичкиот идентитет на настанот стои Јана Марковска со креативнотот студио DO:MORE, додека 3Д анимираниот концепт е дело на Ѓорѓи Десподов.

Stay young, stay proud!

Следете на на социјалните мрежи да дознаете кој сè ќе продефилира на јубилејниот 25-ти Моден Викенд Скопје.

Се гледаме за брзо!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9525 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.