Почетна » Новости » Мода » Ретки и силно посакувани: Лимитирани изданија за најпребирливите

Ретки и силно посакувани: Лимитирани изданија за најпребирливите

Копнежот по раритети, желбата за поседување на уникати и зголеменото љубопитство за сè она што е тешко достапно се врежани во човечката природа. Па така, стремежот да се поседува нешто специјално го движи брзорастечкиот пазар на лимитирани изданија.

Ексклузивни часовници, скапоцен накит со неповторливи детали, невообичаени чевли, автентични чанти... Тие се магичен „лек“ за интензивниот апетит за купување на нешто поразлично што има моќ да ве издвои од топлата.

Речиси и да не постои луксузен бренд кој не паднал на шармот наречен „лимитирано издание“. А еве неколку „свежи“ примери кои го разгореа љубопитството и на најпребирливите:

Чантата Хималаи Биркин на Ермес

Кога станува збор за ретки аксесоари, првата асоцијација е Ермес (Hermès). Француската модна куќа е ненадминлив експерт кога станува збор за ексклузивитет. Позната е по тоа што не можете да стигнете до одредени модели, независно од тоа колку е длабок вашиот џеб, а листите на чекање ѝ се навистина дооолги.

Една од најпопуларните лимитирани изданија на Ермес е чантата Хималаи Биркин со дијамантски декорации од која се произведени само десетици примероци. Пред две години, една од овие чанти се продаде за неверојатни 450.000 долари на аукција.

Во плакарите е на многу славни дами како Викторија Бекам, Џенифер Лопез и Бијонсе, а е симбол на богатство.

Лимитирани изданија Лимитирани изданија

Чевлите „Пепелашка“ на Кристијан Лобутин

Кристијан Лобутин креираше модерна верзија на обувките на Пепелашка. Популарниот дизајнер презентираше своја интерпретација на стаклените чевлички на дизниевата принцеза.

Посакуваниот модел вклучува сваровски кристали, бела тантела и блескави пеперутки. Лобутин не го заобиколи и црвениот ѓон по кој е препознатлив.

Дизниевото издание брои само 20 пара од волшебните „лобутинки“.

Лимитирани изданија Лимитирани изданија

Чантите Тифани на Фенди

Багет чантите на Фенди (Fendi) се задолжително парче за модните ентузијасти. За да ја одбележи 25-годишнината од лансирањето на иконската чанта дизајнирана од Силвиа Вентурини Фенди, италијанскиот бренд годинава создаде лимитирано издание во партнерство со Тифани (Tiffany & Co).

Чантата наречена „Tiffany Blue“ е во тиркизната нијанса типична за Тифани, доаѓа во две големини, а има и сатенска верзија. Беше достапна за купување само 24 часа. Дури и со цена од 4.200 евра, чантата се распродаде во рекордно време, а потоа се препродаваше и по цена од над 13.000 евра.

Лимитирани изданија Лимитирани изданија Лимитирани изданија

Лимитирани едиции на IQOS 3 DUO

Мистериозниот отсјај на месечината, страсната и огнена црвена боја и убавината на различностите инспирираа три лимитирани едиции на IQOS 3 DUO во изминативе две години.

Корисниците на IQOS добија можност за да го отсликаат својот карактер преку впечатливи и стилски лимитирани едиции на уреди и аксесоари, со дизајн и палета на бои на ниво на светските дизајнерски брендови:

WE Edition IQOS 3 DUO се роди благодарение на различностите во IQOS заедницата, при што секоја боја ја симболизира индивидуалноста и автентичноста.

Лимитирани изданија

IQOS 3 DUO Moonlight Silver е прекриен со топла металик боја и светкави сребрени пигменти и ги фасцинира сите кои ја обожаваат мистеријата на ноќта и енигмата која ја носи месечината на јасното ѕвездено небо.

Лимитирани изданија

IQOS 3 DUO Passion Red ги израдува корисниците на IQOS со жешка нијанса од која зоврива крвта во позитивна смисла и која зрачи софистицираност и елеганција во летните денови и ноќи.

Лимитирани изданија

Брендот, кој овозможува да се почувствува вкусот на вистински тутун без чад, пепел и непријатни мириси, континуирано ја надополнува својата понуда со лимитирани изданија што оставаат силен впечаток.

Мајкл Корс аксесоари со 007 шмек

Мајкл Корс соработуваше со франшизата 007 за да ја оживее естетиката на филмовите со Џејмс Бонд.

Американскиот дизајнер си поигра со црна и златна боја за капсулната колекција која вклучува 11 парчиња, а беше лансирана заедно со премиерата на „No Time To Die“. Особено воочливо е логото МК, а ѕвезди во промотивната кампања се Бела Хадид и Синди Бруна.

Лимитирани изданија Лимитирани изданија Лимитирани изданија Лимитирани изданија

Ѕвездена колекција часовници на Шанел

Инспирирана од научната фантастика и патувањето низ просторот и времето, колекцијата „Interstellar“ на Шанел (Chanel) ги одушевува обожавателите на хронометри со истенчен вкус.

Елегантните часовници се украсени со кристали, камења како оникс и дијаманти кои потсетуваат на трепкањата на ѕвездите на бескрајното небо.

Лимитирани изданија Лимитирани изданија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11919 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.