Почетна » Новости » Мода » Прекрасна невеста: Принцезата Иман од Јордан се омажи во венчаница од Диор на бајковита свадба

Прекрасна невеста: Принцезата Иман од Јордан се омажи во венчаница од Диор на бајковита свадба

Принцезата Иман стапи во брак со својот избраник Александар Термиотис Џамел на раскошна свадбена прослава во Аман.

26-годишната ќерка на кралицата Ранија и кралот Абдула II носеше нежна бајковита венчаница со долги ракави од Диор. Во својот свадбен стајлинг, Иман додаде дијамантски обетки и тијара, која се шпекулира дека ѝ припаѓала на нејзината баба.

Принцезата Иман Принцезата Иман Принцезата Иман

Кралицата Ранија гордо сподели фотографии и видео од свадбата и напиша: „Иман, се молам ова следно поглавје во твојот живот да ти донесе толку радост, љубов и смеа, колку што ти ни донесе нам низ годините. Честитки до невестата и зетот“.

Принцезата Иман Принцезата Иман Принцезата Иман Принцезата Иман

Подоцна, Ранија додаде: „Моја драга Иман, не е збогување кога секогаш си во моите мисли и во моето срце. Бог да те благослови“.

Видео

Невестата до олтарот ја испрати нејзиниот брат Хусеин, кој на социјалните мрежи напиша:

„Благодарен сум на сите овие бесценети моменти кои ги споделуваме и сум пресреќен што ве гледам како ја славите вашата свадба денес... Драга Иман и Џамел, ви посакувам заеднички живот исполнет со благослови и среќа“.

Принцезата Иман Принцезата Иман Принцезата Иман

Иман и Џамел се верија на 6 јули минатата година.

Принцезата Иман Принцезата Иман Принцезата Иман Принцезата Иман Принцезата Иман Принцезата Иман Принцезата Иман Принцезата Иман Принцезата Иман Принцезата Иман Принцезата Иман Принцезата Иман Принцезата Иман

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11953 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.