Почетна » Новости » Мода » Прекрасна: Кралицата Максима импресионираше во два свечени фустани при посетата на Норвешка

Прекрасна: Кралицата Максима импресионираше во два свечени фустани при посетата на Норвешка

Кралицата Максима има импресивен стил со кој остава силен впечаток каде и да се појави. Иако чекори низ шестата деценија од животот, оваа холандска дама не се плаши да експериментира и да ги помеша своите стајлинзи со доза игривост.

Во моментов, членовите на холандското кралско семејство се во тридневна официјална посета на Норвешка. 50-годишната кралица блескаше покрај својот сопруг Вилем-Александар во два свечени фустани.

На синоќешниот концерт во Музејот „Мунк“ во Осло, Максима шармираше во креација во бебешко сина нијанса со „О“ отсечоци и златни детали. Креацијата доаѓа од модната куќа Claes Iversen, а златните сандали се со потпис на Gianvito Rossi.

Кралицата Максима Кралицата Максима Кралицата Максима Кралицата Максима Кралицата Максима Кралицата Максима Кралицата Максима Кралицата Максима Кралицата Максима Кралицата Максима Кралицата Максима

Кратко по пристигнувањето во земјата, во нивна чест беше организирана гала вечера на која Максима блесна во кралско издание со вечерен фустан од Jan Taminiau кој го носеше и во 2018 година и сандали од Jimmy Choo. Таа го придружуваше норвешкиот крал Харалд V.

Кралицата Максима Кралицата Максима Кралицата Максима Кралицата Максима Кралицата Максима Кралицата Максима Кралицата Максима Кралицата Максима Кралицата Максима Кралицата Максима Кралицата Максима

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11995 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.