Почетна » Новости » Мода » Првите фотографии на Лана Дел Реј за „H&M“

Првите фотографии на Лана Дел Реј за „H&M“

Лана Дел Реј е новото заштитно лице на „H&M“. Шведскиот моден бренд до денес мудро молчеше за шпекулациите дека 26-годишната пејачка ќе биде рекламно лице на есенската колекција.

Денес компанијата ја потврди вистинитоста на гласините и беа објавени две фотографии на кои Лана изгледа прекрасно во светлорозова блуза и панталони во ретро стил.

Лана Дел Реј за „H&M“

„Баравме стилска икона и пејачка која би била модел за нашата колекција есен/зима 2012-13 и Лана Дел Реј беше совршениот избор. Сметаме дека таа ја покажува нашата есенска колекција на многу инспиративен начин. Темата на кампањата е модерна и женствена жена со нежна поза. Облините и половината се многу важни во есенската силуета“ – изјавила Клое Боуерс, ПР-менаџер на „H&M“.

Лана Дел Реј за „H&M“

Лана снимила и краток филм во кој изведува нова верзија на песната „Blue Velvet“. Филмот ќе биде објавен на 19 септември.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10381 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.