Почетна » Новости » Мода » Почина дизајнерот Тиери Муглер: Ирина Шајк и бројни ѕвезди се збогуваа со „Богот на модата“

Почина дизајнерот Тиери Муглер: Ирина Шајк и бројни ѕвезди се збогуваа со „Богот на модата“

Модниот свет изгуби уште една икона. Почина францускиот дизајнер Тиери Муглер.

Славниот креатор почина на 73-годишна возраст.

Веста ја споделија од неговиот тим. „Со огромно жалење објавуваме дека почина господин Тиери Муглер во недела, на 23 јануари 2022 година. Нека почива во мир неговата душа“ – напишаа тие.

Тиери Муглер

Бројни негови соработнички споделија пораки за да се збогуваат со „Богот на модата“.

Ирина Шајк во изминатите години многу често соработуваше со Тиери и беше една од неговите музи. На Instagram, таа сподели заеднички фотографии заедно со порака. „Си замина прерано. Бог на модата, ретко РЕАЛЕН, љубезен, сладок... секогаш ќе ѝ недостигаш на твојата Русинка“ – напиша таа.

Дајана Рос, која носеше многу креации од Муглер во 80-тите и 90-тите години, сподели стара фотографија со Муглер и напиша: „Ќе ни недостигаш Тиери Муглер. Ова беше прекрасно време во нашите животи“.

Бијонсе на својот сајт напиша: „Почивај во мир Тиери Муглер“.

Тиери Муглер

Кортни Кардашијан сподели фотографија од нејзиното семејство и напиша: „Сите носиме Муглер“, а потоа додаде скршено срце.

Тиери Муглер

Џорџија Меј Џегер сподели фотографии од соработките со дизајнерот со порака: „Сè уште не можам да поверувам дека ова е вистина. Испраќам љубов до сите. Тиери беше сила на креативност и љубезност“.

Тиери Муглер Тиери Муглер Тиери Муглер

Бела Хадид, Вини Харлоу, Хајди Клум и други модели исто така изразија жалење за смртта на Тиери.

Тиери Муглер Тиери Муглер Тиери Муглер Тиери Муглер Тиери Муглер Тиери Муглер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11054 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.