Почетна » Новости » Мода » Плетено како моден императив: 3 тренда кои ќе бидат насекаде во новата сезона

Плетено како моден императив: 3 тренда кои ќе бидат насекаде во новата сезона

Ситно броиме до почетокот на есенската сезона, па сè погласни стануваат прогнозите за новиот сет трендови.

Ако има една тенденција за која со сигурност се знае дека ќе се закотви во стилскиот избор на модните ентузијастки, тоа е плетената облека. Топлите плетенини не се изненадување, бидејќи се посакувани од естетска и од практична гледна точка во студените месеци. Но, светските брендови вметнуваат новитети со кои ѝ даваат нова доза атрактивност.

Елек над кошула

Елеците се неочекувани учесници во есенските стилски игри. Ако некогаш се сметаа за старомодно парче, сега се посакувани од сите „it“ девојки.

А најдобриот начин да ги носите (којшто ќе го гледате буквално насекаде) е над кошула.

FashionGroupЕлек Mango FashionGroupЕлек Mango FashionGroupЕлек Mango FashionGroupЕлек Mango

Координирани во комплет

Без многу драма, само хармонија. Облекувањето во комплет никогаш не било помодерно. Започна со популаризирањето на „пижама“ стилот, а сега се пренасочи и кон плетенините.

Трендсетерките особено ги прифатија комплетите од ускладени плетени кратки џемпери и маички.

FashionGroupПанталони Mango и Топ Mango FashionGroupЗдолниште Mango FashionGroupТоп Mango

Плетен/ребрест фустан

Удобни, топли, а елегантни. Плетените фустани имаат репутација на „must-have“ парче во модерната женска гардероба.

Доколку сте избрале еднобоен фустан, внесете динамика со впечатлив ремен, кој и ќе ви ја потенцира фигурата.

FashionGroupФустан Mango FashionGroupФустан Guess FashionGroupФустан Mango

Предложените и многу други модни парчиња се достапни на онлајн продавницата на Fashion Group.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9514 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.