Летните стилски авантури може да започнат со силно темпо. Високите температури нè мотивираат да експериментираме со лесна, светла и колоритна облека која ни дава чувство на слобода кое толку многу го посакуваме по карантинот.
Шпанскиот бренд Mango ги освојува срцата на модните ентузијастки со летни предлози од кои издвојуваме:
Флорален фустан
Развеан, женствен, романтичен. Овој миди фустан од Mango обединува неколку трендови – миди должина, асиметричност, свеж принт и карнери.
Идеален е за комбинирање како со бели патики, така и со сандали на плута или римјанки.
Фустан Mango
Атрактивна алтернатива е краток фустан со тропски дезен со кој за секунди можете да бидете подготвени за да летнете низ вратата.
Фустан Mango
Комбинезон „камелеон“
Неутрален комбинезон кој е фантастична основа за надоградување со модни додатоци од различни стилови.
Комбинезон Mango
Можете да одите во правец на аксесоари во земјени нијанси, или пак, да тргнете во другата спротивност и да внесете пикантност со супер колоритни и впечатливи парчиња.
Комбинезон Mango
Асиметричен топ
Со еднобојните блузи на едно рамо многу лесно можете да искомбинирате најразлични здолништа и панталони.
Блогерките ги обожаваат бидејќи со леснотија стануваат дел од многу стајлинзи.
Топ Mango
Топ Mango
Сандали тип еспадрили
Сандалите инспирирани од изгледот на еспадрилите се исплатлива инвестиција, затоа што може да се каже дека не излегуваат од мода, а се комбинираат со повеќето летни фустанчиња кои веројатно ги имате во плакарот.
Сандали Mango
Сандали Mango
Повикот на дивината
Животинските принтови си имаат резервирано значајно место меѓу летните трендови.
Егзотичните дезени се појавуваат не само на облеката, туку и на модните додатоци.
Овие и многу повеќе Mango парчиња можете да пронајдете на онлајн продавницата на FashionGroup.










