Почетна » Новости » Мода » Модната икона Ајрис Апфел почина на 102-годишна возраст

Модната икона Ајрис Апфел почина на 102-годишна возраст

Ајрис Апфел замина во легендите. Модната икона позната по својот ексцентричен стил почина на 102-годишна возраст.

Препознатливата супербабичка, која беше голема обожавателка на впечатливите модни додатоци и различните принтови, остави доволно голем отпечаток во модниот свет за никогаш да не биде заборавена.

Смелата смисла за мода ја водеше додека го градеше својот колоритен свет, во кој зрачеше со ведрина.

Ајрис Апфел Ајрис Апфел

Апфел е родена на 29 август 1921 година во Асторија, Њујорк, под името Ајрис Берел. Таа е единствено дете на стакларот Семјуел Берел и сопственичката на бутик за облека Сејди Берел.

Во својата младост Ајрис работи за списанието за убавина, мода и модни трендови „Women’s Wear Daily“, понекогаш нарекувано и „библијата на модата“, од каде преминува да работи за дизајнерката за ентериер Елионор Џонсон. Токму таму открива дека поседува дарба за наоѓање ретки и уникатни нешта, дарба која во подоцнежните години ќе се преточи во нејзините неповторливи ентериери и огромната колекција на редок накит и модни додатоци.

Ајрис Апфел

Својот колоритен и разигран стил започнува да го „гради“ по склучувањето на бракот со Карл Апфел во 1948 година. Заедно тие ја основаат текстилната компанија „Old Worlds Wavers“. Патувајќи низ светот, Ајрис започнува да купува модни додатоци и облека кои се далеку поразлични од оние карактеристични за Западот и ги носи на свечените прослави.

Колоритна облека од продавници за втора употреба, алишта со традиционални мотиви од различни земји низ светот, белегзии карактеристични за племиња, па дури и ѓердани направени за коњи и слонови – сето ова склопено со стил во препознатливите стајлинзи на старицата која трајно се смести меѓу модните икони.

Ајрис Апфел

Ајрис излегува од сенка и стекнува светска слава во 2005 година кога музејот на уметностите „Метрополитен“ посветува една од своите изложби на нејзина колекција. Насловена „Ретка птица“, изложбата ја сместува во модните икони на денешницата. Луѓето започнуваат да се запрашуваат која е сопственичката на ова луда, но магична колекција, а медиумите започнуваат да го пишуваат нејзиното име.

Ајрис Апфел Ајрис Апфел Ајрис Апфел

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11344 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.