Почетна » Новости » Мода » Мисица носеше фустан направен од делови од лименки во чест на сиромашните родители

Мисица носеше фустан направен од делови од лименки во чест на сиромашните родители

„Никогаш не заборавајте од каде доаѓате“ - ова е пораката која ја испраќа учесничката од Тајланд на Мис Универзум.

Ана Суенгам-јан ја претставуваше својата земја во фустан направен од делови од лименки за да им оддаде чест на своите сиромашни родители.

Убавицата заблеска во креацијата наречена „Hidden Precious Diamond“ (Скриен скапоцен дијамант), која била надополнета со блескави кристали.

Ана Суенгам-јан Ана Суенгам-јан

Ана имала тешко детство. Нејзините родители биле сиромашни и работеле како собирачи на ѓубре и чистачи. Поради тоа, таа била мета на исмејувања цел живот, па дури и откако била прогласена за Мис Тајланд.

Многу често се случувало таа да биде нарекувана „Мис Ѓубре“ од интернет корисниците.

И покрај сето тоа, Ана пронајде начин како да им оддаде почит на нејзините мајка и татко за нивните жртвувања. „Нека не ве ограничува местото каде што сте родени. Со доволно одлучност, можеме да го промениме нашиот живот“ – вели таа.

Фустанот е направен од рециклирани материјали и пренесува многу важна порака. „Оваа креација е инспирирана од средината која ја знаев во детството. Растејќи со родители собирачи на ѓубре, мојот живот како дете беше меѓу купишта ѓубре и предмети за рециклирање. Овој уникатен фустан е создаден од фрлени и рециклирани материјали, за да му претставиме на УНИВЕРЗУМОТ дека она што многумина го сметаат за безвредно, всушност има своја вредност и убавина“ – пишува Ана.

Ана Суенгам-јан
Ана Суенгам-јан Ана Суенгам-јан

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11964 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.