Почетна » Новости » Мода » Македонскиот дизајнер Златко Јовановски со нова колекција претставена на ревија во Грузија

Македонскиот дизајнер Златко Јовановски со нова колекција претставена на ревија во Грузија

Златко Јовановски ја имаше честа да одржи ревија во Тбилиси, Грузија. Македонскиот дизајнер ја презентираше својата нова свечена колекција за време на Грузиската недела на високата мода.

„Колекцијата ‘З’ е наменски направена за ревијата во Грузија, на ‘Georgia Couture Fashion Week’. На тој моден настан бев повикан како специјален гостин, некој кој ќе го отвори настанот, затоа што организацијата знаеше дека ќе направам вистинско шоу. Беше услов да имам нови креации, некои коишто не се презентирани никаде претходно. Јас направив нови 17 креации и тргнав за Тбилиси“ – изјави Златко.

Ревија на Златко Јовановски Ревија на Златко Јовановски Ревија на Златко Јовановски Ревија на Златко Јовановски Ревија на Златко Јовановски Ревија на Златко Јовановски

„Се трудев максимално да се посветам и на креациите, но и на музиката и модниот краткометражен филм дело на Марина Трајковска, за да добиеме едно комплетно модно шоу. Сепак, таму имаше дизајнери од Франција, Ерменија, Јордан, Молдавија, Казахстан, Србија и нормално локални од Грузија, и сакав Македонија да ја претставам во најдобро светло. И според овациите по социјалните мрежи и коментарите на публиката присутна таму, мислам дека успеав во тоа“ – дополни Јовановски.

Ревија на Златко Јовановски Ревија на Златко Јовановски Ревија на Златко Јовановски

„Колекцијата ‘З’ е инспирирана од огледалото. Јас кога ќе се видам во огледало, гледам една комплетна и совршена личност, на сè тоа додавам одблесоци од кристали, камења, монистри. Јас се трудам секоја моја следна колекција да биде подобра од претходната, да биде повеќе саати везена и секогаш да има нешто ново“.

„Кралот ЈЗЈ - Кралот на светкавото, не би бил крал без круна на глава, па затоа овој пат си направив нова круна што е во тема на самата колекција. Мислам дека направив одлична работа и покажав дека и Македонија знае што е светска мода“ – вели Јовановски.

Ревија на Златко Јовановски Ревија на Златко Јовановски Ревија на Златко Јовановски Ревија на Златко Јовановски Ревија на Златко Јовановски Ревија на Златко Јовановски Ревија на Златко Јовановски Ревија на Златко Јовановски Ревија на Златко Јовановски Ревија на Златко Јовановски Ревија на Златко Јовановски Ревија на Златко Јовановски Ревија на Златко Јовановски Ревија на Златко Јовановски Ревија на Златко Јовановски Ревија на Златко Јовановски

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11509 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.