Иконскиот бел фустан кој Мерилин Монро го носеше во филмот „The Seven Year Itch“ достигна шестцифрена сума на аукција на значајни филмски предмети и костими.
Мерилин Монро во „The Seven Year Itch“
Фустанот беше продаден во саботата за точно 4,6 милиони долари, двојно повеќе од проценката на експертите.
Иако белиот фустан којшто ги откри нозете на Мерилин беше вистински хит, и два други фустани на познатата русокоса ѕвезда достигнаа висока цена.
Мерилин Монро во „Gentlemen Prefer Blondes“
Црвениот блескав фустан од „Gentlemen Prefer Blondes“ беше продаден за 1,2 милиони долари, а нејзин костим од филмот „River of No Return“ достигна цена од 510 000 долари.
Мерилин Монро во „River of No Return“
Аукцијата вклучуваше предмети и костими од големата колекција на Деби Рејнолдс. Колекцијата на оваа популарна американската актерка е составена од вкупно 3500 костими, 20 000 оригинални фотографии и неколку илјади филмски постери и реквизити.
