Изминатиов викенд Селио Сааб и Зејн Кутами си го кажаа судбоносното „Да“.
Средниот син на дизајнерот Ели Сааб стапи во брак со својата избраничка во Либан, а свадбените прослави траеја три дена. Убавата невеста носеше три рачно изработени креации создадени специјално за неа од либанскиот моден волшебник.

За предсвадбената прослава, Зејн носеше креација со наметка во шампањ нијанса, украсена со кристали и мониста. Таа позираше со својот сакан Селио и неговите двајца браќа, свекорот Ели и свекрвата Клаудин.
„Фустанот го славеше либанскиот идентитет, парче дизајнирано за да се вклопи во природниот пејзаж и рустичната архитектура на местото. Сакавме нешто што нема да се натпреварува со околината, туку ќе зборува на истиот јазик“ – рекла невестата за модниот избор.









За црковната церемонија во манастирот Бкерке, невестата изгледаше занесно во фустан достоен за принцеза, на кој таа работеше заедно со свекорот.
„Знаевме дека ова ќе биде најсимболичен фустан. Сакав нешто што ќе биде безвременско. Со Ели работевме заедно на секој детаљ“ – рекла Зејн.


















За последната прослава во семејната резиденција на Сааб, Зејн се трансформираше во вечерна дива со уште една шампањ креација која ѝ ја истакна фигурата.

