Моника Коцарева Ергиќ плени со чувството за естетика и како дизајнерка и кога е во прашање нејзиниот личен стил.
На свеченост во Охрид, македонската дизајнерка се појави во уникатна црна тоалета со впечатливо деколте и волуменозни ракави и изнуди само комплименти. Изгледот го заокружи со софистицирана пунџа и беспрекорна шминка, освојувајќи чиста модна десетка.
Нејзиниот сопругот избра класична и отмена комбинација со црн костум, бела кошула и црни чевли.


Двојката е во брак од 2019 година и има една ќерка.

