Почетна » Новости » Мода » Дизајнерка која ја облекуваше Мишел Обама бара модната индустрија да ја бојкотира Меланија Трамп

Дизајнерка која ја облекуваше Мишел Обама бара модната индустрија да ја бојкотира Меланија Трамп

Наскоро Доналд Трамп ќе застане на чело на САД и покрај тоа што има огромен број незадоволни лица од исходот на претседателските избори. И Доналд и неговата сопруга Меланија во изминатиов период беа напаѓани и критикувани, а неретко и исмејувани.

Во многу медиуми одекна веста дека повеќе дизајнери категорично ја одбиваат идејата да ја облекуваат Меланија. Дизајнерката Софи Тале отиде еден чекор понапред и преку отворено писмо објави дека нема да соработува со новата прва дама и побара сите дизајнери да го направат истото.

Меланија ТрампМеланија Трамп

„Како имигрант во оваа земја, бев благословена со можноста да си ги остварувам соништата во САД. Облекувањето на првата дама Мишел Обама во изминативе 8 години беше врв и огромна чест. Таа придонесе нашето име да биде препознатливо и почитувано низ целиот свет.“

„Како личност која прифаќа и охрабрува разноликост, индивидуална слобода и ги почитува сите начини на живот, нема да земам учество во облекувањето или да бидам асоцирана на каков било начин со наредната прва дама. Реториката на расизам, сексизам и ксенофобија во претседателската кампања на нејзиниот сопруг се некомпатибилни со споделените вредности по кои ние живееме. Ги поттикнувам моите колеги дизајнери да го направат истото“ – пишува во писмото на Софи.

Софи ТалеСофи Тале

Мишел Обама често ѝ го доверуваше својот изглед на Софи во изминативе осум години.

Мишел Обама во креација на Софи ТалеМишел Обама во креација на Софи Тале

Упатени лица од модната индустрија потврдуваат дека многу дизајнери не се склони да работат со семејството на Трамп. „Ова се случува со месеци наназад. Дизајнерите не им позајмуваат облека на Меланија, Иванка или Тифани, па или тие сами си купуваат или носат облека од брендот на Иванка“ – вели еден од нив.

Иванка ТрампИванка Трамп Тифани ТрампТифани Трамп Семејството ТрампСемејството Трамп

Врвното модно списание „Вог“ годинава за првпат отворено зазеде страна во претседателската трка, застанувајќи зад Хилари Клинтон.

Можеби на почетокот на мандатот на Доналд, некои дизајнери навистина ќе ја бојкотираат Меланија, но Каролина Ерера предвидува дека наскоро креаторите ќе се натпреваруваат да ја облекуваат новата прва дама. „Мислам дека за два или три месеци, дизајнерите ќе стигнат до неа. Сите ќе ја облекуваат Меланија. Таа ги претставува Соединетите американски држави“ – изјави Ерера.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.