Почетна » Новости » Мода » Девојка со винтиџ стил: Германка се инспирира од стариот Холивуд за уникатни модни стајлинзи

Девојка со винтиџ стил: Германка се инспирира од стариот Холивуд за уникатни модни стајлинзи

Ако прошетате низ фотографиите на Ширин Алтзон, можеби ќе ви се чини дека гледате сцени од стари холивудски филмови.

23-годишната Германка, која себеси се нарекува „моден камелеон“, негува интересен винтиџ стил кој ѝ носи обожаватели и комплименти. Сè започнало кога Ширин сфатила дека стилот од стариот Холивуд одлично ќе ѝ прилега и дека совршено ќе се вклопи на формата на нејзиното тело.

Ширин Алтзон Ширин Алтзон Ширин Алтзон Ширин Алтзон Ширин Алтзон

„Сакам да црпам инспирација од различните временски периоди, но ги комбинирам за да создадам свој уникатен изглед.“

„Започнав да се облекувам во винтиџ стил во април 2018 година, но во него се заљубив кога имав 13-14 години. Сè започна со ‘Breakfast at Tiffany’s’ и иконскиот црн фустан на Одри Хепберн. Се заљубив во естетиката, во безвременските форми и кроеви и во женствените силуети. Бидејќи имам тенка половина, сметав дека тоа е вистинскиот стил кој ќе ја истакне мојата фигура и се покажа дека бев во право. Винтиџ стилот ме усреќува, ми ја зголемува самодовербата и го обожавам.“

„Двете жени кои ме инспирираа од старт и продолжуваат да ме инспирираат се Одри Хепберн и Грејс Кели. Генерално, дамите од стариот Холивуд најмногу влијаат на моите модни избори“ – објаснува Ширин.

Ширин Алтзон Ширин Алтзон Ширин Алтзон Ширин Алтзон Ширин Алтзон

На сите фанови им порачува да бидат она што се и да го следат срцето.

„Не се грижете за модните трендови, за мислењето на другите луѓе за вашиот стил и едноставно бидете она што сте. Следете го срцето и вашата страст, бидејќи тоа ќе ве направи среќни и самоуверени“ – вели таа.

Ширин Алтзон Ширин Алтзон Ширин Алтзон Ширин Алтзон Ширин Алтзон Ширин Алтзон Ширин Алтзон Ширин Алтзон Ширин Алтзон Ширин Алтзон Ширин Алтзон Ширин Алтзон Ширин Алтзон Ширин Алтзон Ширин Алтзон Ширин Алтзон Ширин Алтзон Ширин Алтзон Ширин Алтзон Ширин Алтзон Ширин Алтзон Ширин Алтзон Ширин Алтзон Ширин Алтзон Ширин Алтзон Ширин Алтзон Ширин Алтзон Ширин Алтзон Ширин Алтзон Ширин Алтзон Ширин Алтзон Ширин Алтзон Ширин Алтзон Ширин Алтзон Ширин Алтзон Ширин Алтзон Ширин Алтзон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11344 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.