Почетна » Новости » Мода » Дева Касел е новиот бренд амбасадор на Диор: 19-годишната ќерка на Моника Белучи во нова фотосесија

Дева Касел е новиот бренд амбасадор на Диор: 19-годишната ќерка на Моника Белучи во нова фотосесија

Диор ја избра Дева Касел за свој нов меѓународен амбасадор за мода и шминка.

19-годишната ќерка на Моника Белучи и Винсент Касел сними фотосесија со која луксузниот моден бренд ја најави нивната соработка.

„Отсекогаш сум имала огромна почит за модната куќа Диор. Женствениот и префинет имиџ што тие го пренесуваат отсекогаш ме тераше да сонувам“ – рече Дева.

Дева Касел Дева Касел Дева Касел

Дева е родена во Рим во 2004 година, но растеше и во Франција и Бразил. Како резултат на тоа, таа зборува пет различни јазици. На 16-годишна возраст, Дева влегува во светот на моделството и се појавува на повеќе корици на списанија и дефилира на ревии за врвни модни брендови, како што е Диор.

„Првото нешто што ми доаѓа на памет е винтиџ фотографија на Диор која особено ми ја будеше фантазијата кога бев помлада. На неа имаше женска силуета со голема шапка – елеганција и мистериозност во една слика“ – рекла таа.

Дева Касел Дева Касел Дева Касел

Младата девојка го опишува својот стил со зборовите „кежуал шик“, но вели дека тој може да варира.

„Во мојот секојдневен живот, сакам да носам многу широки модели и да го мешам мажествениот со женствениот стил. Обожавам да испробувам нови нешта“ – рекла таа.

Дева ќе ги промовира креациите од Марија Грација Киури.

Дева Касел Дева Касел Дева Касел

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11183 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.