Почетна » Новости » Мода » Гламур, романтика, стилска магија: Совршен накит за најубавите прослави и како драгоцен подарок

Гламур, романтика, стилска магија: Совршен накит за најубавите прослави и како драгоцен подарок

Во значајните моменти, кога сакаме да оставиме ултра позитивен впечаток и да креираме незаборавни спомени, се стремиме да изгледаме идеално, а круна на секој беспрекорен стајлинг е неговото височество – накитот.

Деликатните модни додатоци ни асистираат да испратиме стилска порака и на одреден начин ни ја отсликуваат енергијата и ни го рефлектираат карактерот. Со помош на накитот, како со магично стапче, за миг можеме да ја направиме попикантна избраната комбинација, па токму поради тоа секоја дама се согласува дека од накит никогаш не ни е доволно, т.е. секогаш сме во потрага по ново и ново.

Влеговме во славеничка сезона на матури, дипломски, свадби и најразлични веселби, што подразбира дотерување до максимум. На долгоочекуваните прослави, шармирајте со италијански накит кој е совршен кога сакате да се почестите со нешто специјално, но и кога сакате да дарувате со стил.

Во продолжение се предлози од брендовите Rebecca Macedonia и Rue des Mille обожавани од вљубеничките во модерната италијанска естетика.

Префинет гламур

Блесок кој говори за вашата моќ, дизајни кои потврдуваат дека поседувате изострено сетило за префинетост.

Накит Накит Накит Накит Накит Накит Накит

„Wow“ ефект

Силни форми кои зграпчуваат погледи и алудираат на присуство на самодоверба и самопочит.

Накит Накит

Романтична сензибилност

Нежни срциња будат љубовни асоцијации и слатки емоции.

Накит Накит Накит Накит

Деликатен шик

Фини синџирчиња и обетки со кул приврзоци и детали кои покоруваат со леснотија.

Накит Накит Накит Накит Накит Накит Накит

Сите презентирани парчиња накит од брендовите Rebecca и Rue des Mille можете да ги пронајдете во трговскиот центар „Рамстор“ во Скопје. Повеќе инфо:

Rebecca Macedonia

Concept 26

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11195 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.