Почетна » Новости » Мода » Викторија Бекам, Ирина Шајк, Селма Блер... 40 легендарни жени на насловната на британскиот „Вог“

Викторија Бекам, Ирина Шајк, Селма Блер... 40 легендарни жени на насловната на британскиот „Вог“

Едвард Енинфул сакал да направи нешто специјално за неговото последно издание како уредник на британскиот „Вог“. И несомнено успеа да си ја постигне целта.

За насловната страница од мартовското издание на списанието, модниот уредник не избра една, туку 40 легендарни жени кои отпатуваа во Менхетн од различни краеви од светот за да позираат заедно.

Викторија Бекам, Серена Вилијамс, Опра Винфри, Ирина Шајк, Дуа Липа, Селма Блер, Мајли Сајрус, Наоми Кембел, Џејн Фонда, Џиџи Хадид, Синди Крафорд и Карли Клос се само дел од ѕвездите на корицата.

Вог

„Кога стана збор за моето последно издание, знаев дека ќе им биде посветено на жените. Жените го оформуваа британскиот ‘Вог’ речиси 108 години“ – напиша Едвард.

Вог Вог Вог Вог Вог Вог Вог

Заедничката насловна фотографија ја потпишува Стивен Мејзел, а едиторијалот во внатрешноста на списанието е дело на Нед Роџерс.

Вог Вог Вог

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11346 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.