Почетна » Новости » Мода » ВИДЕО: Ријана се разголува во секси краток филм за Армани

ВИДЕО: Ријана се разголува во секси краток филм за Армани

Ријана сензуално се расоблекува во краток жежок филм за рекламната кампања на Armani Jeans.

Во видеото, 23-годишната пејачка седи на задното седиште на автомобил облечена во фустан, кој мнооогу бавно го соблекува за да се пресоблече во фармерки и кожена јакна.

Црно-белото видео е во „филм ноар“ стил, а музиката е од самата Ријана која заводливо пее: „I got a secret I wanna show you“.

Познатата пејачка неодамна стана рекламно лице на Emporio Armani Underwear и Armani Jeans. Во врска со својот избор, дизајнерот Џорџо Армани изјавил: „Ријана е одличен артист. Нејзината личност, харизма и енергија направија работењето со неа да биде задоволство. Таа совршено го олицетворува современиот и младешки дух на Emporio Armani Underwear и Armani Jeans“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11051 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.