Почетна » Новости » Мода » ВИДЕО: Ријана во најжешката реклама за Армани досега

ВИДЕО: Ријана во најжешката реклама за Армани досега

Една од нејзините претходни реклами за Армани беше прогласена за најжешката рекламна кампања за 2011 година, но Ријана со новото видео докажува дека може уште повеќе да ги вжешти рекламите на Emporio Armani Underwear и Armani Jeans.

Во едноминутното црно-бело видео, 24-годишната пејачка заводливо се превртува во својот кревет облечена само во долна облека, додека сонува кошмар.

Ријана за Армани

Наредните кадри ја покажуваат Ријана како шета низ својот стан и пронаоѓа пораки кои ја потсетуваат дека треба да замине некаде со авион. Пред да излезе од станот, Ријана облекува фармерки и јакна, при што го покажува својот добро оформен задник.

Ријана за Армани

Во јули минатата година Армани соопшти дека Рири е новото рекламно лице на познатиот бренд. Таа ги следи стапките на многу познати личности како Меган Фокс, Викторија и Дејвид Бекам, Кристијано Роналдо и Рафаел Надал.


Rihanna on WhoSay

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11125 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.