Почетна » Новости » Мода » ВИДЕО: Вториот дел од кампањата на Бред Пит за Chanel N°5

ВИДЕО: Вториот дел од кампањата на Бред Пит за Chanel N°5

Chanel го објави вториот дел од рекламната кампања со Бред Пит. Додека во првиот дел 48-годишниот актер беше единствената личност во рекламата, во вториот дел француската модна куќа вклучи и убави жени кои уживаат во аромата на легендарниот парфем Chanel N°5.

Улогата на Бред не е променета, тој повторно држи монолог и вели: „Не е патување. Секое патување завршува, но ние продолжуваме. Светот се врти, а ние се вртиме со него. Плановите исчезнуваат. Соништата доаѓаат на нивно место. Но, каде и да одам, ти си таму. Моја среќа, моја судбина, мое богатство.“

Режисерот Џо Рајт изјавил дека му било задоволство да работи со Пит. „Секогаш е убаво кога ќе сретнеш личност на која ѝ се восхитуваш, а таа ќе ги надмине твоите очекувања“ – рекол Рајт.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11904 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.