Почетна » Новости » Мода » „Miss Warm“: Новата зимска колекција на Ангела Младеноска

„Miss Warm“: Новата зимска колекција на Ангела Младеноска

Ангела Младеноска, која стои зад брендот AngieM, ја лансираше својата нова модна колекција насловена „Miss Warm”.

Прегратката на оваа тренди зимска линија, пред сè има за цел да ве стопли и да направи да се чувствувате пријатно во својата кожа, а веднаш потоа, се разбира, и да ви помогне да го заокружите вашиот извонреден стил со уште едно уникатно модно парче какво што може да ви понуди само AngieM.

Колекција Miss Warm Колекција Miss Warm Колекција Miss Warm Колекција Miss Warm Колекција Miss Warm

„Модерни дизајни, интересни плетки, елегантни кроеви и зимски нијанси се само еден дел од најновата зимска колекција. Студените месеци со себе носат различни начини на облекување, а во фокусот секако, е надворешниот аутфит, се согласувате, зар не? Затоа ние внимателно се посветивме и овој пат да лансираме колекција во која ќе издоминирате и во претстојните зимски денови. Новата зимска колекција има низа на уникатни рачно изработени џемпери, бодиња, фустанчиња и комбинизони во земјени тонови, кои се неверојатно комфорни, топли и неспоредливи со кои било други брендови. Го искористивме најдоброто од врвните класични стилови додавајќи свој печат и детаљ за да креираме нешто кое ќе биде приказ на синергија од веќе омилените, и најновите дизајнерски трендови“ – вели Ангела.

Колекција Miss Warm Колекција Miss Warm Колекција Miss Warm Колекција Miss Warm Колекција Miss Warm Колекција Miss Warm Колекција Miss Warm Колекција Miss Warm Колекција Miss Warm Колекција Miss Warm Колекција Miss Warm Колекција Miss Warm Колекција Miss Warm Колекција Miss Warm Колекција Miss Warm

Ве очекуваат прекрасни зимски парчиња кои не само што ќе ги износите оваа сезона, туку нема да можете да им одолеете ни во годините кои доаѓаат.

Збогатете го вашиот зимски арсенал со уште некое парче од најновата колекција на Angie M. Овие парчиња се во ограничени количини.

Ајде заедно да зачекориме кон ледените идилични денови во топло, ново руво, и кон новата 2022 година со огромен успех и просперитет.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11512 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.