Почетна » Новости » Мода » „Femme“: Новата модна колекција на македонскиот дизајнер Мите Занов

„Femme“: Новата модна колекција на македонскиот дизајнер Мите Занов

Мите Занов го збогати своето модно портфолио со уште една колекција насловена „FEMME“.

Колекцијата за сезоната есен/зима 2020 е создадена од симбиозата на јавето и сонот, фантазијата и реалноста, суреализмот и реализмот, инспирирана од совршеноста и строгоста на кројот на машкиот костум, прикажан на женска силуета и во форма на женска облека.

Femme Femme Femme

Оваа колекција е деветта колекција по ред на брендот ZANOV и затоа симболично соддржи 9 изгледи составени од повеќеслојни парчиња, кои меѓусебно се длабоко поврзани, а од друга страна се тотално различни и претставуваат различни карактеристики на една жена (femme).

„Едната е фатална, другата е нежна, третата е храбра, четвртата е елегантна, петтата е строга... а всушност сите заедно, ги поврзува еден збор… FEMME !!! Инспирацијата покрај во машкиот костум, ја најдов и во 30-тите и 40-тите години на 20-тиот век и во подемот на филмската уметност, модата, фотографијата,танцот и музиката. Од големо значење се и многубројни движења кои се појавуваат токму во тие години, пост Втората Светска војна, а едно од нив е и движењето “FEMME” кое се бори за правата на женските квир индивидуи. Не случајно е дури и што секој од изгледите е насловен по жени – икони од тој период, кои оставиле длабок траг во историјата на филмската уметност и лично за мене претставуваат неисцрпна инспирација“ – вели Занов.

Femme Femme Femme Femme

Материјалите во колекцијата, се внимателно одбрани, меѓу кои преовладуваат потешки и зимски материјали, соодветни за костуми, како штоф, волна, сомот, кадифе, чоја, а исто така се употребени и еко кожа, шантунг свила, памучен сатен. Колекцијата има поширок дијапазон во однос на игрив колорит, вклучувајќи ладни бои како нијанси на зелена, сина, петролеј, тиркизна, нијанси на розева и виолетова и неизбежно црна и бела боја.

Впечатлива е и употребата на принт во одредени парчиња... принт со цветови, варијации на потенки и пошироки линии, а исто така се забележува и препознатливата рачна доработка. Во колекцијата е застапен одреден асортиман на дизајни и модни парчиња, со ставен фокус на сакоа, панталони, мантили и капути, а исто така присутни се и корсети, фустан, комбинезон и топ - ролки.

Femme Femme Femme Femme Femme Femme Femme Femme Femme Femme Femme Femme Femme

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11158 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.