Ако досега мулти бренд продавницата Fashion&Friends беше една од вашите омилени, благодарение на секогаш совршените колекции со потпис на некои од најголемите имиња, оваа нова сезона, ви ветуваме дека ќе ја сакате уште повеќе.
Fashion&Friends доаѓа во новоотворениот East Gate Mall на 29 октомври, со сите свои познати брендови, но и со неколку нови со кои ќе ве запознаеме на самото отворање!
Есента е дефинитивно едно од најраскошните годишни времиња, па се чини токму такви парчиња ќе ве очекуваат во новата, ултра шик и неверојатно поголема продавница во новоотворениот трговски центар, за која веруваме дека ќе биде и вашата нова омилена.
Токму таму ќе ве чека стилска инспирација за вашиот есенски изглед, составен од парчиња од последните колекции на познатите брендови како Scotch&Soda, Replay, Levi’s, Miss Sixty, Guess, Diesel, Calvin Klein, UGG, Desigual, Steve Madden, Inuikii и многу други.
Сако Miss Sixty
Чанта Steve Madden
Бунда Desigual
Фустан Miss Sixty
Јакна Calvin Klein
На овие, ќе им се придружат и неколку сосема нови, ултра познати брендови чии парчиња чекаат на вашата креативност оваа шик сезона, а кои знаеме дека ќе ги обожавате.
Имајќи на ум дека вашиот стил во секоја сезона се надоградува кон подобро, овојпат сакавме да ви овозможиме едно сосема ново искуство, на простор поубав од кога и да е, целосно опремен со најстилски додатоци и оплеменет со последните изданија во модниот свет.
Јакна Calvin Klein
Чизми UGG
Чанта Desigual
Јакна Desigual
Како и секогаш, изборот на колекции сместени во новата продавница на Fashion&Friends се спој помеѓу лежерното и формалното, па така секој еден клиент ќе може да си го пронајде своето соодветно парче во некоја од колекциите на веќе познатите брендови.
Ракавици Calvin Klein
Чизми Replay
Чанта Calvin Klein
Патики Premiata
Дуксер Tommy Hilfiger
Изборот во новата продавница на вашиот омилен мултибренд и овојпат е и повеќе од совршен, па единственото нешто што ви преостанува е да ја посетите вашата нова омилена модна оаза и да ја направите комбинацијата што знаеме дека ја чекавте за целосно да блеснете оваа сезона!
