Почетна » Новости » Мода » Chapter03 блесна во Скопје: Уникатен спој на италијански модни стории за накит од кои нема да можете да се наситите

Chapter03 блесна во Скопје: Уникатен спој на италијански модни стории за накит од кои нема да можете да се наситите

Современ и рафиниран дизајн, стремеж кон перфекционизам, артистичка страст преточена во блескави парчиња... Четири италијански приказни за накит се обединети под „чадорот“ на Chapter03, новото уникатно збиралиште за дами кои не се плашат смело да остават силен впечаток.

Гламурозното лансирање на атрактивниот проект се одржа вчера во East Gate Mall, а примами многу ентузијастички настроени почитувачи на финиот накит. Посетителите уживаа во фантастични коктели, неодоливи деликатеси и музика од Диџеј Шорти ПИ ака Панчо, а модели облечени во креации од македонски дизајнери одблиску им презентираа дел од бескрајната понуда на блескави парчиња накит од брендовите Rebecca, Rue des Mille, Rosato и Valentina Ferragni.

Харизматичната Кики Мукаетова, шармантната Викторија Лоба и запаметливиот Сергеј Варошлија, кои ја снимија актуелната кампања на Chapter03, беа меѓу присутните во кои се вброија и Калиопи и Кире Лазаров.

Chapter03 Chapter03 Chapter03 Chapter03 Chapter03 Chapter03

Модерниот продажен салон, кој е како идилична Pinterest фантазија, молскавично го лови погледот и веднаш ве кани да прошетате низ внимателно подредените огрлици, бразлетни, обетки, приврзоци... А во самиот центар на новата дестинација, окото го задржува популарното Ultrafragola огледало, кое New York Magazine го нарече најомилено огледало за селфи.

Chapter03 Chapter03 Chapter03 Chapter03 Chapter03 Chapter03 Chapter03 Chapter03 Chapter03 Chapter03 Chapter03 Chapter03 Chapter03 Chapter03 Chapter03 Chapter03 Chapter03 Chapter03 Chapter03 Chapter03 Chapter03 Chapter03 Chapter03

Четирите брендови достапни во Chapter03 таат магични стории кои синтетизираат италијански сензибилитет и естетика која буди само позитивни емоции. Набрзинка запознајте се со нив:

Rue des Mille

Rue des Mille е фамилијарна визија на семејството Пиерони. Двајца браќа и нивната сестра со помош на мајка им и вујко им го реализираат нивниот сон и во 2013 година го основаат брендот Rue des Mille.

Адресата на која започнала приказната за 100% prêt-à-porter накит, комплетно изработен во Италија, е улицата „Via dei Mille“, а бидејќи основачите сакале да им оддадат почит на нивниот покоен татко Роберто, ја додале првата буква од неговото име во адресата и така се роди Rue des Mille.

Секое парче накит е изработено од чисто сребро 925 со премаз од родиум или со позлата од 18-каратно злато во жолта или розе нијанса, а во мал дел од асортиманот се достапни и производи од чисто 18-каратно злато, најчесто во комбинација со лабораториски дијаманти или циркони.

Накитот Rue des Mille блескал на мега популарната блогерка Кјара Ферањи и нејзините сестри Валентина и Франческа, Аличе Кампело, актерката Сесилија Родригез и редица познати италијански пејачи и пејачки.

Chapter03 Chapter03 Chapter03 Chapter03 Chapter03

Valentina Ferragni

Валентина Ферањи лансираше сопствен бренд за накит пред три години. Со обетката UALI, која всушност е нејзин иницијал (V), славната италијанска блогерка иницираше моден бум кој трае и денес.

Колекцијата обетки, кои се достапни во мноштво бои и се комбинираат на различни начини, подоцна беа збогатени со ланчиња и алки. Секое парче накит на Валентина Ферањи е изработено од фини материјали како сребро 925, со позлата од 24-каратно жолто злато или платина, а процесите на фина доработка, емајлирање или поставување циркони, се целосно рачно изработени од врвни италијански јувелири.

Chapter03 Chapter03 Chapter03 Chapter03 Chapter03

Rosato

Rosato е бренд за жени, создаден од жени.

Основан е во 2004 година од Симона Росато, а од 2011 година го презема Brosway, семејна компанија од Марке, Централна Италија. Дизајниран во Италија, Rosato во својата селектива има бевременски, трендовски и моќни парчиња накит.

Деми Мур и Елизабет Харли се само дел од моделите на брендот низ годините, а моментално заштитно лице е актерката Сесилија Родригез.

Rosato накитот е изработен од сребро со чистота 925 и позлата од 9-каратно розе злато.

Chapter03 Chapter03 Chapter03

Rebecca

Македонските дами добро го познаваат брендот Rebecca, кој од 2018 година има македонско поглавје. Алесандро Тести го основал пред 13 години и го крстил по првото од трите деца, односно ќерката Ребека Тести, која во моментов работи како дизајнер и раководител на одделот за маркетинг на компанијата.

Низ годините, многу славни личности биле освоени од Rebecca. Меѓу нив се и Бијонсе, Ријана, Линдзи Лохан, Ева Мендез, Пинк и Бар Рафаели.

За квалитетот на производите говори и фактот што покрај сопствените линии, Industrie Testi S.p.A. е признаен партнер на многу светски познати мултинационални компании како Fendi, Gucci, Balenciaga, Yves Saint Laurent, Burberry и Louis Vuitton.

Chapter03 Chapter03 Chapter03

Нека стилската магија на Chapter03 ви ги зачини специјалните моменти од празничната сезона. Побарајте повеќе: Chapter03 на Instagram

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11214 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.