Почетна » Новости » Истражувања » Финците се најсреќните луѓе на светот, а Македонците најнесреќни на Балканот

Финците се најсреќните луѓе на светот, а Македонците најнесреќни на Балканот

Најсреќната земја на светот убедливо е Финска. Шеста година по ред, жителите на оваа земја се наоѓаат највисоко на листата на најсреќни луѓе на „Светскиот извештај за среќа“ (World Happiness Report).

Светскиот извештај за среќа

За најновиот извештај, Институтот „Галуп“ спроведе анкети во кои луѓето од 137 земји одговараа на прашањето колку се среќни со својот живот, а беа анализирани и податоци од различни категории како: бруто-домашен производ по глава на жител, социјална поддршка, здрав начин на живот, слобода на избор, љубезност на целокупната популација и корупција.

Сите скандинавски земји се рангираат високо на листата и тоа: Данска е на второто место, Шведска е шеста, а Норвешка седма. Исланд, Израел и Холандија ги заземаат останатите три места во Топ 5 најсреќни земји на светот.

Швајцарија оваа година се најде на осмото место, деветтото место му припадна на Луксембург, а десеттото место го зазедоа жителите на Нов Зеланд.

Светскиот извештај за среќа

Македонците се најнесреќни на Балканот и оваа година се најдоа на 87. место на листата.

Сите други земји од соседството и регионот се подобро рангирани и тоа: Словенија е на 22-рата позиција, Косово на 34-тата, Србија на 45-тата, Хрватска на 48-мата, Грција на 58-мата, Црна Гора е на 67-мата, Босна и Херцеговина на 71-вата, Бугарија на 77-мата, а Албанија на 83-тата.

Светскиот извештај за среќа

Жителите на Авганистан се најнесреќни на светот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11433 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.