Почетна » Новости » Истражувања » Околу 30% од возрасните и децата во Македонија живеат со дебелина

Околу 30% од возрасните и децата во Македонија живеат со дебелина

Дебелината кај населението во Македонија се зголемуваше во изминатите години и денес е на високо ниво.

По повод вчерашниот Светски ден на дебелината, од Институтот за јавно здравје објавија загрижувачки податоци за овој проблем, кој не постои само кај нас, туку и во целиот свет. Дебелина

Најновата студија објавена во The Lancet покажува дека од 1990 година наваму, дебелината во светот е зголемена повеќе од двојно кај возрасните и четирикратно кај децата и адолесцентите (од 5 до 19 години).

Во нашата земја 28,4% од возрасните се соочуваат со прекумерна телесна тежина, додека кај децата од 6 до 9-годишна возраст тој процент изнесува 30,5%. Околу 13,8% од децата живеат со екстремна дебелина.

Споредено со податоците од 1990 година, дебелината кај возрасните во нашата земја е зголемена за 13,6%, а кај децата и адолесцентите за 7,4%.

Според податоците на Институтот, дебелината е почеста кај момчињата, за разлика од девојчињата. Повеќето од децата кои имаат зголемена телесна тежина и дебелина живеат во урбани средини. Исхрана со високо преработена и енергетски-богата храна е значаен фактор кој придонесува кон развојот на зголемена телесна тежина кај децата. Друг фактор е намалената физичка активност кај децата.

„Трендовите на зголемена телесна тежина и дебелина кај децата во Македонија се одржуваат стабилно на високо ниво. Потребен е сеопфатен и мултисекторски пристап кон дебелината, од давање приоритет на факторите од животната средина кои влијаат врз дебелината до зајакнување на здравствената заштита за превенција и контролата на дебелината како хронично заболување“ – пишуваат од ИЈЗ.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11609 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.