Почетна » Новости » Истражувања » Најнови препораки: Колку време децата треба да поминуваат пред екран и колку треба да спијат?

Најнови препораки: Колку време децата треба да поминуваат пред екран и колку треба да спијат?

Во дигиталната ера во која живееме, многу деца секојдневно поминуваат и по неколку часа пред екран, гледајќи забавни видеа и цртани филмови или играјќи. Но, педијатрите советуваат значително да биде лимитирано времето во кое најмалите се забавуваат на ваков начин.

Светската здравствена организација (СЗО) ги објави најновите препораки, според кои, бебињата и децата до 2 години воопшто не треба да седат пред екран, а децата на 2, 3 и 4-годишна возраст никогаш не треба да поминуваат повеќе од 1 час дневно гледајќи телевизија или во мобилен телефон/компјутер.

Деца

Во зависност од возраста, дадени се следните препораки за спиење, физичка активност и време пред екран:

Бебиња до 1 година

Не се препорачува да се изложени на екрани.

За максимални здравствени бенефити, бебињата до 3 месеци треба да спијат 14-17 часа, а бебињата од 4 до 11 месеци да спијат 12-16 часа. Во тоа време се вклучени и дремките во текот на денот.

Малите бебиња треба да бидат физички активни неколку пати на ден на различни начини, особено преку интерактивни игри на подот. Бебињата кои не се движат, треба да поминуваат легнати на стомак околу 30 минути, распределени во периодите кога се будни во денот.

Исто така, бебињата се советува да не бидат врзани во колички, хранилки, релаксатори или сл., подолго од 1 час без прекин.

Деца од 1 до 2 години

За едногодишните деца не се препорачува време пред екран додека двегодишниците не треба да седат пред екран повеќе од 1 час дневно.

Децата на оваа возраст треба да спијат 11-14 часа дневно, заедно со дремки, како и да си легнуваат и да се будат во исто време, т.е. да развијат рутина за спиење.

Околу 3 часа дневно треба да се издвојуваат за физичка активност со различен интензитет.

Деца од 3 до 4 години

И за децата на 3 и 4-годишна возраст не се препорачува повеќе од 1 час гледање видеа или играње видеоигри.

Најоптимално е да спијат 10-13 часа и да имаат развиена рутина за заспивање и будење.

Вкупно 3 часа треба да се физички активни, притоа најмалку 1 час да се вклучени во игри кои бараат поголемо раздвижување (често скокање или трчање).

Деца

Од СЗО потенцираат дека почитувањето на овие препораки во првите пет години придонесува за моторниот и когнитивниот развој и здравјето во понатамошниот живот на децата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.