Почетна » Новости » Истражувања » Луѓето се најсреќни на 23 и 69 години

Луѓето се најсреќни на 23 и 69 години

Среќата доаѓа на бранови – го достигнува врвот околу 23-тата година од животот, потоа опаѓа за да го достигне дното околу 55-тата година и повторно се искачува нагоре за да достигне втор врв околу 69-тата година.

Среќа

Според ново истражување, луѓето тешко можат да проценат колку би биле среќни во иднина. Младите луѓе се премногу оптимисти. „Тие мислат дека нема да се разведат, дека ќе имаат пари, убава работа и здрави деца“ – вели Ханс Шванд, автор на истражувањето.

Оптимизмот на младите луѓе резултира со среќа, но подоцна во животот, кога нивните соништа нема да се исполнат, тие стануваат помалку задоволни од својот живот и помалку среќни.

Луѓето во 50-тите години се најнесреќни бидејќи најмногу жалат за пропуштените шанси и неисполнетите соништа. Но, по 55-тата година, среќата започнува повторно да се зголемува, затоа што луѓето не се соочуваат со разочарувања. „Лицата во 50-тите години од животот можат да научат нешто од постарите, кои генерално помалку се каат. Тие не треба да бидат фрустрирани од неисполнетите очекувања, затоа што веројатно не се чувствуваат многу полошо од нивните врсници“ – рекол Шванд.

Истражувањето било направени од London School of Economics, а во него учествувале 23.161 лица на возраст од 17 до 85 години.

И претходни истражувања имаат потврдено дека среќата се движи по „U“ линија.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 10990 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.