Почетна » Новости » Истражувања » Жителите на Финска се најсреќните луѓе на светот: Еве каде се наоѓаме ние на листата

Жителите на Финска се најсреќните луѓе на светот: Еве каде се наоѓаме ние на листата

Најсреќните луѓе во целиот свет живеат во Финска.

Среќа

На листата на најновиот „Светски извештај за среќа“ (World Happiness Report) беа рангирани 146 земји. Веднаш зад Финска се најде Данска, следени од Исланд, Швајцарија и Холандија. Жителите на Луксембург се на шестата позиција, додека Шведска и Норвешка се наоѓаат на седмото и осмото место.

Среќа

За да се состави листата биле испитувани податоци за животот во секоја земја во периодот од 2019 до 2021 година. Истражувачите анализирале податоци во различни категории како: бруто-домашен производ по глава на жител, социјална поддршка, здрав начин на живот, слобода на избор, љубезност на целокупната популација и корупција.

Нашата држава е меѓу најнесреќните места за живеење во регионот и го зазема 89-тото место. Само Албанија се наоѓа по Македонија на листата и е 90. по ред.

Од регионот, најсреќни се жителите на Словенија (22. место) и на Косово (32. место). Србите се на 43-тата, Хрватите на 47-мата, Грците на 58-мата, Босанците на 67-мата, Црногорците на 75-тата, а Бугарите на 85-тата позиција.

Најнесреќна земја на светот од рангираните е Авганистан.

Среќа Среќа Среќа

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11419 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.